ММС

Актерот Брајан Кранстон (64) ја победи короната и донираше крвна плазма

Познатиот актер, продуцент и режисер Брајан Кранстон, од серијата ” Breaking Bad”  донираше крвна плазма откако се опорави од корона вирусот, за да помогне во пронаоѓање на вакцина.

Тој во четвртокот попладне објави дека имал корона вирус и дека веќе се опоравил, а сега донира крвна плазма, за да неговите антитела се искористат во пронаоѓање вакцина против Ковид-19.

64- годишниот актер кој се прослави  со улогата на Волтер Вајт во серијата ” Breaking Bad” откри дека неодамна бил болен. Тој објави и видео снимка додека донираше крвна плазма и своето искуство го подели со 2,5 милиони следбеници, порачувајќи им дека треба да сфатат дека Ковид-19 е сериозна и да се придржуваат на мерките како би го спречиле ширењето на вирусот.

-Сакам да кажам дека имав Ковид-19, за среќа со многу слаби симптоми и тогаш помислив дека можам нешто да направам за сите останати, започна актерот. Докторот кој беше со него објасна дека крвта се става во центрифуга, за течноста да се подели на црвени крвни зрнца, тромбоцити и плазма. Плазмата донирана од актерот, би требало да содржи антитела кои телото ги користи во борба против корона вирусот.

-Не заборавајте да миете раце, да бидете социјално дистацирани и да носите маска, предупреди на крајот на својот видео клип.