ММС

Aрсенал извиси, Упамекано го продолжи договорот со Лајпциг

Еден од најталентираните млади дефанзивци во Европа, Дајот Упамекано, потпиша нов договор со неговиот матичен клуб Лајпциг и стави крај на шпекулациите кои кружеа околу неговата иднина.

Продолжувањето на договорот ќе го задржи Французинот во Лајпциг до 2023 година. Дваесет и едногодишниот стопер, беше на радар на многу европски клубови, а како најзагреан за неговите услуги се јави тимот од северен Лондон, Арсенал.

Но, екипата во налет на Нагелсман оддолеваше на интересот на „топџиите“ и успеа да го задржи квалитетниот фудбалер во своите редови, најмалку до следното лето.

-Упамекано е неверојатно значаен играч за нас и еден е од највеќе бараните таленти во Европа. Ние можеме да ве осигураме дека имаме разбирање за играчот и по преговорите со него и агентот, дојдовме до заклучок дека Упамекано нема да го напушти клубот како слободен играч. Тоа не можевме да го дозволиме, изјави спортскиот директор на клубот од источна Германија, Оливер Минцлаф за германскиот весник „Билд“.

Упамекано дојде од братскиот клуб Ред Бул Салзбург во Лајпциг во 2017 година.