ММС

Срцето ми е полно ако избришам некоја детска солза- Ивана Дамческа (15) од Прилеп ја донираше косата за помош на болни дечиња

Ивана Дамческа од Прилеп (15) е девојче од кое многу нејзини врсници треба да учат.Нејзината благородна и чиста душа, полна емпатија досега ја однела на многу места каде се уверила дека не сите деца ја имаат привилегијата да бидат здрави, среќни и насмеани и да живеат во хармонично семејство. Токму тоа ја натерало да размислува нејзината коса која са чувала уште од мала да ја скрати и да ја донира за да се направи перика што поради болест ја изгубило својата.

-Ја чуав од мала, уште кога имав четири години и никогаш досега сум немала желба да ја скратам. Откако потпораснав оттогаш ми дојде идеја да ја донирам. Гледав разни видеа со тажни детски судбини и си реков можеби за мене ова е ништо ама за некое детенце е многу. Ако со мојата коса успеам да избришам детска солза е преубаво. Навистина гледајки ги видеата како се радуваат болните дечиња ми беше полна душа од радост дека ќе можам да насмеам некое дете, вели Ивана, која сега има коса до над раменици, бидејки пресече плетенка долга 53 сантиметри.

Ивана стапила во контакт со организација од Холандија, која се занимавала со изработка на перики за дечиња болни од рак и по пошта ја испратила нејзината плетенка.

-Воопшто не ми е жал. Кога одлучив се консултирав со моите родители дека сакам да ја истрижам косата и да ја донирам, кои се согласија и ми дадоа комплетна поддрша. Ме поддржаа и другарките и ми рекоа дека мојот пример ќе го следат и тие. Минатата недела ја испратив плетенката и веќе на меил ме информираа од дека стасала косата и дека ке направат перика.  Срцети ми е полно, ќе успреќам некоа дете. Се надевам дека освен мене ке поттикне и други дееца истото да го направат. Не вреди да се плашче за коса, ке порасне, вели Ивана.

Ивана уште од мала помага на дечиња, благодарејки на воспитувањето на нејзините родители, кои така ја воспитале. Во овој дух растела а вели дека ќе помага и понатаму, бидејки се запишала во средно медицинско училиште.

-Уште од мала помагам, уште од училиште сме оделе на хуманиттарни акции и ме исполнувало да поомогнам. Кога одам со акциите гледам разни тажни детски приказни. Скоро секој месец со мојата наставничка одевме кај децата со посебни потреби и носевме подароци.  Ми било тажно да гледам каако тие дечиња од сите луѓе се отфрлени, а не се виновни што немале среќа даа се родат здрави и да живеат во хармонично семејство. Не е во ред. Тажно е тоа.  Многу деца немле среќа да имаат семејств,да бидат среќни.  Јас сакам да растам во опшество со среќни деца, деца кои нема да се плашат да одат дома, да не се плашат од родителите и од другарчиењата. Да се прифатиме сите какв што сме и да секој да има право да си го каже мислењето, вели Ивана, која е одлична ученичка.