ММС

Растот на извозот од зоните заклучно со јуни 820 милиони евра

Во изминатиот период извозот од индустриските зони значително порасна и заклучно со минатиот месец изнесува 820 милиони евра, рече денеска директорот на Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони, Александар Младеновски.

Младеновски, кој заедно со вицепремиерката Мила Царовска ја посети компанијата „Витек“ во ТИРЗ во Скопје 1, истакна и дека се при крај работите во Скопје ТИРЗ 2.

-Тоа што ме редува е што во последниот период извозот од зоните значително порасна. Иако има пад од минатата година, сепак имаме значителен пораст кој заклучно со минатиот месец изнесува 820 милиони евра. Освен оваа естензија, при крај се и работите во Скопје ТИРЗ 2 каде се инвестира во дополнителната инфраструктура која им е потребна на фабриките, напомена директорот.

Според него, низ цела држава, скоро секаде, се завршуваат градежните работи.

-Се завршуваат клучките во Струга и Прилеп, внатрешната инфраструктура во Прилеп, почнуваме со доизведба на внатрешната инфраструктура во Штип, завршува внатрешната инфраструктура во Кичево и Струмица. Со тоа зоните полека се комплетираат, нагласи директорот на ТИРЗ.

миа.мк