ММС

Објавено на: 07/30/20 7:30 PM

По осум во соба, не’ крадат, никогаш повеќе – искуства на сезонци во Германија

Неколку кланици и фарми во Германија неодамна станаа жаришта на ширењето на коронавирусот. Причината е лошите услови во кои нивните работници работат и живеат. Власта најавува построги контроли.

„Никогаш повеќе нема да доаѓам во Германија. Не ни на годишен одмор, нема да дојдам, по ниедна цена!“, вели Маријана Костеја, која работеше два месеци во село во  Баварија.

Неплатени прекувремени часови. Валкани сместувачки капацитети. Нема заштитни мерки против короната.

„Не сакав да прифатам дека осуммина спиеја во една просторија, дека осум луѓе делат една бања, а 30 делат кујна“, вели Костеја, сезонски работник од Романија за Дојче веле (ДВ ) .

Во еден минибус со осум седишта, 14 или 15 лица секојдевно се транспортирани на теренот каде што работеле секое утро, а навечер се враќале „дома“, вели таа.

Правилата за заштита за короната во Германија, всушност, изгледаат сосема поинаку – и треба да важат и за сезонските работници во Источна Европа.

Маријана Костеја е само еден случај. Во последните неколку недели и месеци, многу работници од Источна Европа собраа доволно храброст и јавно да зборуваат за невозможните услови за работа и живот во германските компании – во месната индустрија, курирските компании, во секторот за нега, во градежништвото или земјоделството.

Ова е ситуација што, како што признава Федералниот министер за труд Хуберттус Хајл, одамна е позната: „короната е како лупа – заради тоа гледаме работи што не биле како што треба порано“, рече Хаил на прес-конференција во Берлин. .

Работници во Тенис

И Алекс Б зборува за тие „работи“ за ДВ . Тој сакаше да остане анонимен, бидејќи се плаши од можна репресија. Работел две години во Тенис, најголемиот германски производител на месо: “Тие ни крадеа од работното време. Наместо осум часа плус 45-минутна пауза, работевме десет до 13 часа на ден. После тоа, ќе завршиш лошо, дури и ментално”.

„Тие“ се компании кои формално вработуваат мнозинство работници од Источна Европа. И Романецот Алекс Б. не потпишал договор директно со Тенис , туку со компанија која ’посредува’ со странски работници. Тоа е надворешна компанија, која презеде дел од производството во кланицата. Овие работници не се вработени под исти услови како и остантатите вработени во кланицата, туку под услови на подизведувачи. Оттука, одговорноста за работните услови е на тој кооперант – а не на германскиот производител на месо.

Повеќето од овие луѓе всушност не се плаќаат врз основа на работно време, туку на претходно дефинирана основа. И таа количина на работа едноставно не може да се заврши за осум часа. Тоа е систем на производство, вели Алекс Б. И кој и да протестира против тој состав, брзо ја губи својата работа “, германските правила на работа во тие услови не важат, вели Алекс.

И практично нема заштита од короната – над 1.500 од вкупно 7.000 вработени во Тенис во Реда-Виденбрук беа позитивни за ковид-19 на почетокот на јуни.

Системот на подизведувачи и посредници, кои често се сонародници на источноевропски работници, изгледа како нетранспарентна мрежа која е тешко да се контролира.

„Зарем не е можно во социјална држава како Германија редовно да ги следи условите под кои работат овие луѓе и условите во кои се сместени? Теоретски – да“, вели Мариус Хангану од проектот „Фер мобилност“. Тој по раѓање е Романец и ги советува сезонските работници од Југоисточна Европа во име на германските синдикати.

 Од 1 јануари 2021 година треба да бидат забранети договори за вработување на работници преку подизведувачи – барем во месната индустрија. И тоа конкретно значи дека во иднина нема да има вработување на други работници во најголемите германски кланици. Министерот за труд Хајл предложи предлог закон за кој треба да се расправа во Бундестагот по парламентарната летна пауза.

Независне.ба


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.