ММС

Тим од Бундесот заинтересиран за Стефан Ристовски

Десниот бек на македонската фудбалска репрезентација и фудбалер на Спортинг Лисабон, Стефан Ристовски, според португалска „А Bola“ е на мета на германскиот клуб Волфсбург.

Ристовски во периодот поминат во лисабонскиот клуб игра „топло-ладно“, а причините за недоволно добрите партии понекогаш лежат и во односот кој го има со фановите, односно третманот што Ристовски го добива од нив. Многу често неоправдано е критикуван, но ваквото однесување на фан-базата не е чудно, ако се потсетиме на немилите настани кои се случија пред неколку години, каде што фудбалерите на Спортинг беа затворени и практично измачувани во тренинг базата од страна на група на хулигани.

За услугите на Ристовски, Спортинг бара четири милиони евра и наводно двете страни биле силно заинтересирани за реализирање на овој трансфер.