ММС

ОФИЦИЈАЛНО: Тим Тибодо сепак тренер на Никси

Во предвечерието на продолжувањето на регуларниот дел на сезоната во НБА лигата, екипата на Њу Јорк Никс го претстави пред јавноста новиот предводник на клупата, Тим Тибодо.

Поранешниот тренер на Минесота Тимберволвс и Чикаго Булс ќе стане 31 тренер во историјата на франшизата и ќе има пеколно тешка задача да го разбуди заспаниот големец на НБА лигата, во еден од најспортските градови во САД и еден од најголемите спортски храмови „Медисон Сквер Гарден“.

-Тим Тибодо е докажан победник кој носи лидерство, работна етика и менталитет. Возбудени сме што го враќаме назад во Њу Јорк и одвај чекаме да соработуваме со него и неговиот стручен штаб. Се надеваме дека ќе има успешна иднина овде, изјави Леон Роус, претседателот на Никси

Едно од имињата во игра за позицијата тренер на Њу Јорк Никс беше и Џејсон Кид, сепак раководството се реши за оваа посигурна и подокажана опција.

-Благодарен сум за можноста да се вратам во овој историски клуб како тренер и да работам со олку талентиран фронт-офиц, за кого има само почит и доверба. Знам дека Њу Јорк сака кога Никси се успешни и затоа со нетрпение го очекувам почетокот на мојата авантура тука, вели Тибодо.

Деталите за договорот останаа непознати за јавноста.