Училиштата во Шкотска ќе се реотворат на 11 август, најави шкотската премиерка Никола Старџен, а пренесува „Би-Би-СИ“.
Локалните власти можат да одлучат за фазно отварање на училиштата, но сите ученици се очекува да бидат вратени во училишните клупи до 18 август.
– Морален и образовен императив е децата да се вратат на училиште што побрзо и побезбедно, рече Старџен.
За да им се помогне на училиштата таа најави зголемување на финансиските средства за вработување на повеќе наставници и финансии потребни за дезинфекција и мерки за засилено чистење.
Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.