ММС

Објавено на: 07/30/20 1:25 PM

Манчестер Сити не застанува, Нејтан Аке потпишува со екипата од „Етихад“

По ангажирањето на младиот шпански напаѓач, Феран Торес, кое треба во секој момент да биде официјализирано, Сити започна со реконструкција на одбраната. Холандскиот централен дефанзивец и некогаш играч на Челзи, Нејтан Аке, од испаднатиот Борнмут се сели на „Етихад“ во трансфер вреден 41 милиони фунти. Иако во Чемпионшип, Борнмут не отстапи од цената за одличниот дефанзивец и го натера Пеп Гвардиола да ја плати откупната клаузула за играчот.

Бидејќи Аке во клаузулата има опција која му дава предност на Челзи, доколку е заинтересиран да ја „мечува“ понудата, трансферот може малку да почека, но засега од таборот на Челзи нема најава дека ќе го направат тоа и Аке ќе биде слободен да им помогне на Сити следната сезона и да создаде ново партнерство во одбраната со Лапорте.

Дваесет и петгодишниот Аке, на некој начин е и алтернатива на Калиду Кулибали, кој бил прва мета на „граѓаните“, но поради високата сума што Де Лаурентис ја побарал за него, а и претходните нарушени односи помеѓу двата клубови од пред две години, поради трансферот на Жоргињо, Сити уште еднаш се откажал и среќата ја побарал во Англија.

По ланското заминување на Компани и најавеното заминување на Џон Стоунс, на Сити очајно му требаа засилувања во фаза на одбраната и според англиските медиуми, тие не планираат да застанат тука. Лев и денес бек се во игра, а како имиња за тие позиции се споменуваат Бен Чилвел, Макс Аронс, Давид Алаба.

Покрај Аке, тимот од југот на Англија се очекува да го напуштат и Џош Кинг и Калум Вилсон, а младите Арон Ремсдејл и Дејвид Брукс, исто така може да ја променат средината.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.