ММС

Двајца нови советници ќе има Советот на општина Тетово

Во Советот на општина Тетово започна процедура за именување на двајца нови советници откако Мимоза Муса од Алијанса за Албанците поднесе оставка, а Александар Велјановски од ВМРО ДПМНЕ беше избран за пратеник во Собранието. Одлуките за престанок на мандатот беше усвоен на вчерашната 32-та седница на Советот на општина Тетово, а именувањето на новите ќе следи на крајот на август на следната седница.

– Се констатираше престанок на функција на член на Своетот на општина Тетово за Мимоза Муса советничка од листата на советници на партијата Алијанса за Албанците поради оставка, а кај Александар Велјановски затоа што беше избран за пратеник од редовите на партијата ВМРО ДПМНЕ на парламентарните избори. Сега е започната процедура со која се известува општинската изборна комисија за одлуката за престанок на мандат, а Советот треба да донесе нова одлука за именување. За новите советници во Советот на местото на членот на кој му престанува мандатот ќе дојде следниот избран од кандидатската листа на партијата, според известието од Општинска изборна комисија Тетово, истакна Беким Мемети, претседател на Советот на општина Тетово.

Советничката Мимоза Муса оставката ја нуди поради семејни причини односно преселба и живеење во Швајцарија.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за преземање.