ММС

Објавено на: 07/30/20 7:33 AM

Во Словенија и во Австрија синоќа град со големина на јаболко

Силно невреме вчера во доцните попладневни часови зафатило делови од Австрија, а  ноќта погодило и голем дел од Словенија. На повеќе места била причинета штета, особено во градот Домжале. Биле предизвикани поплави, а некаде паѓал и град со големина на јаболко. Поради силниот налет на бурата, возачите застанувале со автомобилите, во некои подрачја побарале заштита под надвозниците.

Словенечкиот метеоролошки завод соопшти дека невремето е дел од студениот бран кој од Средна Европа се движи кон исток, проследен со поројни дождови и повремен град и силни ветрови.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.