ММС

Влатко Стефановски: Не го чепкајте храмот во кој настапувале Реј Чарлс, Џими Смит, Меккојтинер, Би Би Кинг…

„Не го чепкајте храмот во кој настапувале Реј Чарлс, Џими Смит, Меккојтинер, Би Би Кинг, Херби Хенкок, Шарл Азнавур, Дејвид Брн, Фреди Хабард, Чик Кореа, Брајан Фери, Мик Тејлор, Давид Силвијан, Џон Меклафлин, Џое Завинул, Лери Карлтон, Корни Група, Тајм, Ју Група, Индекси, Леб и Сол, ВС трио, Кингс оф Стрингс, Скопје Џез Фестивал и други бројни уметници од земјава и од странство. Реновирање да! друго не!“.

Напиша Влатко Стефановски на својот инстаграм профил во одбрана на Универзалната Сала откако Град Скопје објави анкетен конкурс за идејно решение за проект за парк и отворена летна сцена на локацијата.