ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 07/29/20 4:49 PM

Џон Стоунс би бил идеален за Челзи, вели Пол Мерсон

Играчката легенда на Арсенал и долгогодишен стручен соработик на „Скај Спортс“, Пол Мерсон, смета дека англискиот дефанзивец Џон Стоунс би бил идеален за екипата на Челзи.

Мерсон вели дека Лампард треба да го купи централниот стопер на Манчестер Сити, а средина како Челзи би била одлична и за него и неговото рестартирање на кариерата.

Челзи во последните две години има огромни проблеми со задната линија, а тоа особено дојде до израз оваа сезона. Од сите екипи во топ шест, Челзи има примено највеќе голови, а на европско ниво, чисто како илустрација, покрај француски Амиен кој сега е испадна во втора француска лига, Челзи има примено највеќе голови од прекин.

Во таа насока „сините“ од Лондон летниот трансфер период ќе се обидат да го искористат и за зајакнување на тој дел од теренот и освен лев бек и голман, Лампард цели кон доведување квалитетен централен дефанзивец.

-Луѓето зборуваат дека на Челзи му е приоритет нов голман. Кепа Аризабалага не покажува добри игри во моментов и тоа е проблем, но тие имаат добар голман во Вили Кабаљеро и мислам дека тој е неискористен и потценет. Според мене приоритет на Челзи треба да е централен дефанзивец. Со оглед на тоа дека Лампард се врати на играта со тројца стопери во дефанзива, станува јасно со каков проблем тој се соочува и што треба да се купува на лето, изјави Мерсон.

Челзи засега официјализираше два трансфери и двата во фазата на нападот, а третиот е на чекор до потпишување со екипата од западен Лондон. Каи Хаверц се очекува во следните денови да биде третото засилување, второто директно од Германија после Тимо Вернер. Но, освен напад, нужно е Челзи да пазарува и фудбалери кои инстантно ќе го зајакнат во одбраната.

-Азпиликуета е одличен, но тој е десен бек и влегува во поодминати години. Зума секогаш има „грешка“ во него, колку и да игра добро. Челзи не поседува природно надарен стопер кој знае да игра со топка. Затоа мислам дека Стоунс би бил идеален за нив, дури и за формација со тројца одбранбени, додаде Мерсон.

Стоунс беше одличен во Евертон и се сметаше за еден од најталентираните дефанзивци во светот. Челзи и тогаш беше заинтересиран за неговите услуги, но тој сепак се реши да потпише за Манчестер Сити. Потег кој од оваа перспектива беше крајно погрешен, затоа што Стоунс никогаш не прогресираше во кариерата, дотолку повеќе што немаше ниту среќа со повреди.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7