ММС

Цело шпанско село во карантин поради заразено 12-годишно девојче

Сите жители на шпанско село се во карантин откако 12-годишно девојче било тестирано позитивно на коронавирус. Градоначалникот на Сотило де лас Палоас рече дека повеќето од околу 200 жители на селото се стари, а со тоа и во ризичната група, Тој побара сите да останат дома најмалку десет дена зашто е потврдено оти девојчето е заразено.

Меѓутоа, не се знае како девојчето се заразило, па ќе бидат тестирани и други деца со кои било во контакт, пренесува „Дејли меил“.

Клучни зборови: карантин, корона, цело село, шпанија

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за преземање.