ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 06/21/18 3:04 PM

Лоцирани се најкритичните места каде летово во тетовско ќе се појавуваат пожари

На средба одржана меѓу преставници на Противпожарната единица Тетово и градоначалниците на петте рурални општини од тетовско се лоцираа најкритичните места каде ќе се појавуваат пожарите во најтоплите месеци, јуни , јули и август. Вавките средби кои имаат превентивен карактер, ќе продолжат и во наредниот период.

На средбата беа дадени насоки наменети за поголема внимателност на жителите од овој регион со цел превенција од нови пожари.

Високите температури што се прогнозираат за ова лето, ја зголемуваат опасноста од пожари, посочи командирот на Територијалната противпожарната единица Тетово Ука Алити.

Тој рече дека во овој период од годината неопходна им е дополнителна опрема.

Од почетокот на годинава досега, тетовските пожарникари интервенирале 219 пати. Освен материјална штета, во пожарите во тетовско загинаа и 5 лица од кои 4 деца.

Зоран Димовски


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1