ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 07/28/20 6:14 PM

Облак, Онана и Поуп, на листата на Лампард за голманската позиција

Најскапиот голман во историјата на фудбалот, Кепа Аризабалага, после две сезони поминати со англискиот гигант Челзи, сепак не ја оправда сумата платена за него. Напротив, шпанскиот голман, оосбено оваа сезона под палка на Лампард, прикажува многу слаби партии и честопати беше главната причина за слабите игри на Челзи. Последниот показател за тоа дека Кепа е на излезни врати од Челзи е селекцијата на англискиот тренер на мечот против Волвс, кадешто Кепа беше зацементиран на клупата, а ветеранот Вили Кабаљеро го зазеде неговото место во стартната постава.

Трпението кај челниците на лондонскиот клуб и стручниот штаб истекува, а веќе по мечот од финалето на ФА Купот против Арсенал, Челзи ќе тргне по нов голман. Камерунскиот чувар на мрежата, Андре Онана, кој изминативе години важи за еден од најталентираните играчи на таа позиција, заедно со одличниот англиски голман на Барнли, Ник Поуп, се првите алтернативи на број еден приоритетот, Јан Облак.

Абрамович е подготвен да искешира за словенечкиот голман, но клаузулата од 110 милиони евра што Атлетико ја има поставено за него, во овој момент претставува објективна пречка за остварување на овој трансфер. Додека пак Онана би можел да се пресели во западен Лондон за отприлика 30 милиони евра. Челзи летово веќе соработуваше со Ајакс, па затоа не би требало да има дополнителни проблеми во постигнувањето на договорот, доколку „сините“ се решат на овој потег. Англискиот репрезентативен голман, кој сезонава во Премиер Лигата дури 15 пати ја имаше зачувано својата мрежа, претставува уште една опција за Лампард.

Сепак, пазарувањето голман на Челзи, во голема мера е детерминирано од заинтересираноста на другите екипи за актуелниот голман Кепа. Според шпанските медиуми, за Аризабалага е заинтересирана Валенсија која му нуди двегодишна позајмица на Челзи и право на откуп по нејзиното завршување.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7