ММС

„Worldmeter“: Во светот до сега заразени 16.652.434 лица со ковид 19

Според податоците на статистичкиот портал „Worldmeter“ во светот во моментов има 5.753.106 лица заразени со вирусот на корона, а досега се евидентирани вкупно 16.652.434 случаи на заболени.

Од 10.899.328 заболени лица, излекувани се 10.242.650 лица, а има забележано 656.678 смртни случаи.

Светската здравствена организација предупреди дека бројките на заболени не се стопроцентно точни поради тоа што не сите земји испраќаат ажурирани списоци.

Меѓу активните случаи, 99 проценти имаат благи или умерени симптоми, т.е. пациентите не се опасни по живот.

Најмногу случаи се регистрирани во САД, а потоа следат Бразил, Индија, Русија, Јужна Африка, Перу, Шпанија и Чиле.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за преземање.