ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 06/21/18 12:05 PM

Владата ќе наплаќа и данок на каматите на заштедите

Сите граѓани кои во текот на годината имале приход до 720.000 денари, односно по 60.000 денари месечно во просек ќе плаќаат персонален данок на доход со стапка од 10 отсто, додека за сите приходи кои се над 720.001 денари данокот ќе биде 18 отсто за делот на доходот над овој износ.

Како што објави Фактор ова е дел од работната верзија на новиот Закон за персонален данок на доход со кој Владата од 2019 година воведува прогресивни стапки на оданочување. Во приходите кои се оданочуваат спаѓаат тие кои граѓаните ги добиваат од заработената месечна плата на работа, од самостојна дејност, од авторски и сродни права и продажба на сопствени земјоделски производи.

За доходот од интелектуална сопственост, закуп и подзакуп, капитал, капитални добивки, игри на среќа и осигурување ќе се плаќа данок по стапка која е единствена, односно по 15 отсто.

Исто така се предвидува граѓаните и фирмите да плаќаат данок на каматите кои ги добиле од своите заштеди во банките, ако добивката изнесува над 15.000 денари годишно.

Прогресивното одначување на приходите беше најавено во март годинава, а тоа беше и дел од програмата на сега владеачката партија СДСМ. Министерот Драган Тевдовски тогаш најави дека ќе се оданочуваат со стапка од 18 отсто сите приходи на граѓаните кои заработиле повеќе од 1.000 евра месечно, што сега веќе е преточено и во подготвителната верзија на законот.

Инаку Македонија во моментов има рамен данок односно се плаќа десет отсто на сите приходи кои се остваруваат во текот на годината, кој е воведен од 1 јануари 2007 година.

 

Превземено од: Вечер


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1