ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 06/21/18 11:04 AM

Меси доби мотив повеќе пред натпреварот со Хрватска

Се очекува одличен натрпевар, а се разбира сите очи на навивачите на Аргентина се вперени кон Лионел Меси. Аргентинецот одигра многу слабо во првиот натпревар против Исланд, не искористи пенал, а камерите го „фатија“ загрижен и замислен по еден тренинг. Изложен на критики на медиумите и нацијата, сите се свесни за големиот притисок кон брзиот фудбалер на Барселона.

„Лошо се чувствува и многу малку комуницира“, изјави за англискиот таблоид „Мирор“ извор близок до аргентинската репрезентација.

Во селекцијата на Аргентина изгледа дека прават се само Меси да биде оној вистинскиот, а во прилог на тоа оди тоа што селекторот Сампаоли го пуштил Меси да разговара и со неговата сопруга. Натпреварот против Хрватска започнува во 20:00, а дали Меси ќе проработи и ќе биде клучна карика на Аргентинците останува да видиме.

 

Преземено од: Спортски.мк


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1