ММС

Репрезентативецот Чави позитивен на Ковид- 19

Легендарниот шпански репрезентативец, во моментов тренер на катарскиот Ал-Сад, Чави Хернандез е позитивен на коронавирусот.

40-годишниот Чави преку својот Твитер профил објави дека е позитивен на Ковид-19.

„Пред неколку денови согласно протоколите се тестирав на коронавирус и сум позитивен. За среќа, одлично се чувствувам, но ќе бидам во изолација се додека не оздравам“ – објави Чави.

Должноста на легендата на Барселона како тренер на Ал Сад сега ќе ја преземе неговиот помошник, се до негово опоравување.

https://twitter.com/goal/status/1286954378931380224/photo/1

 

извор: Екипа.мк