ММС

Објавено на: 07/24/20 1:56 PM

Ајварот не е албански! Лесковац ќе ја тужи Дуа Липа

Пејачката со албанско потекло Дуа Липа е повторно главна тема – зборуваше за „албанска храна“ и во исто време го спомна и ајварот како нешто што секој мора да го проба. Но, авторите на емисијата во следмиот кадар, додека таа зборува покажаа тегла со „Лесковачки ајвар“.

Заради тоа од Лесковац и стугнува тужба, пишуваат српските медиуми.

Фотографијата од „лесковачкиот ајвар“, која јаискористија продуцентите е направена во просториите на Здружението „Лесковачки Ајвар“, кое веќе започна постапка во Управата за интелектуална сопственост за користење на нивната етикета со цел да се претстави српскиот бренд како албански национален производ.

„Знаете, ние можеме да реагираме емотивно затоа што славната поп-пејачка и порано даваше изјави во медиумите кои не се допаѓаа на нашиот народ, но можеби ни таа самата не е виновна.  Можно е грешката да ја направиле продуцентите, поради незнаење. Ајвар е генеричко име за производот, но никој не го заштити како национален, ниту ние, ниту Македонците, ниту Бугарите. Ние го брендиравме „Лесковаќки ајвар“ како национален бренд. И тука е проблемот.Тие го украле и го претставиле како албански национален производ и заради тоа тие ќе треба да ги сносат последиците “, вели претседателот на здружението Стевица Мрковиќ за„ Курир “.

Регионалната стопанска комора на Лесковац, која ја започна процедурата за заштита на овој бренд пред една деценија, молчи за скандалозната кражба, а претседателот Горан Јовиќ не одговори на повиците, така што официјалниот став на оваа организација за прашањето на очигледна злоупотреба е непознат.

Во канцеларијата на градоначалникот на Лесковац, Горан Цветановиќ, беше речено дека тие го осудуваат начинот на кој беше претставена домашната марка во споменатата емисија и дека во моментов размислуваат како ќе реагираат на ова прашање.

„Што сакам од албанските специјалитети? Ајвар, пита со спанаќ“ …

Водителот ја праша пејачката кој е албанскиот специјалитет што секој треба да го проба, на што таа рече – „ајвар“!

„Тоа е како мешавина од печени пиперки, направена е во тегла, зачинета е, прекрасна е и оди со сè! Со јајца, со пита со спанаќ, што е уште еден албански специјалитет“, рече таа.

Ова видео наскоро стана вирално во Србија, а се појавија коментари дека пејачката „после Косово, го сака да го присвои и Лесковац“. Дали е тоа така или Дуа Липа е жртва на несмасен монтажер просудете сами.

Извор: kurir.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1