ММС

Објавено на: 07/24/20 1:18 PM

Во земја без лекови и болница ја победи болеста: Првата дама на Сирија е жена со неверојатен дух

Асма ел Асад е првата дама на Сирија и сопруга на Башар ел Асад.

https://www.instagram.com/p/B0_mZyTlOhu/

Асма е родена во Лондон на 11 август 1975 година, а нејзиното семејство е со потекло од градот Хомс во Сирија.

За разлика од нејзиниот сопруг, Асма не израснала во Сирија. Родена е во Велика Британија каде завршила и факултет на Кралскиот колеџ на Универзитетот во Лондон, каде пријателите ја познавале како Ема.

https://www.instagram.com/p/ByTCyTJFRgH/

Нејзиниот татко бил кардиолог, а нејзината мајка дипломат. Асма студирала француски јазик, а потоа работела за „Дојче банка“ во Лондон како инвестиционен банкар, со клиенти од Европа и далечниот Исток.

За нејзиниот совршен сопруг, Барар ел Асада се омажила кога имала 25 години. Се запознале кога Башар бил на специјализација за офталмологија во Лондон, а повторно се сретнале во 2000 година. Се венчале во тајност една година подоцна, само неколку дена откако нејзиниот маж ја презема функцијата на претседател по смртта на својот татко.

Позната е под името „пустинска ружа“, за оние кои ја доживуваат како нежна и кревка.

Асма е многу активна на социјалните мрежи каде објавува фотографии со деца, од посети во градинка или слични установи. На социјалните мрежи ја следат повеќе од 340.000 луѓе, а за нејзината хуманост зборуваат бројни акции чиј иницијатор е токму таа.

На 8 ми август 208 година таа објави дека е на хемотерапија поради рак на дојка, кој и е откриен во рана фаза. И покрај терапијата таа се трудела секогаш да ги посети семејствата на војниците кои настрадале во сириската војска, со марама околу нејзината глава.

https://www.instagram.com/p/BvR_pjIFJRx/

На нејзината официјална Фејсбук страница објави и фотографија со сирискиот претседател како седи покрај болничкиот кревет од својата сопруга која прима терапија, под која пишува дека малигниот тумор е откриен на време.

Во земјата каде нема лекови и болници првата дама ја победи болеста. Кога ја дознале убава информација од претседателската палата во Дамаск, соопштиле: „Патувањето заврши“.

https://www.instagram.com/p/BmN9aOmACJb/

Асма ај Асад покрај сите квалитети кои ги поседува, исто така е и жена со необична убавина, покрај победничкиот дух која го носи со себе. Со сопругот Башар имаат три деца Хафиза, Зеина и Карима.

Преземено од: https://stil.kurir.rs/


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.