ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 07/24/20 12:56 PM

Прв случај на Ковид-19 во Македонска Каменица

Странски државјанин вработен во рудник „Саса” е првиот позитивен пациент на Ковид-19 во Општина Македонска Каменица. Лицето е редовно вработено во рудникот и тестот го направил заради патување во странство, при што истиот бил со позитивен наод.

-Лицето е во добра здравствена кондиција и е без симптоми, а веднаш по добивањето на информацијата за позитивниот резултат е во самоизолација, информираа надлежните институции.

Од Центарот за јавно здравје, направена е епидемиолошка анкета на одделот во кој што работел, како и во објектот каде бил сместен странскиот државјанин.

Од рудник „Саса” од почетокот на пандемијата формирано е координативно тело за успешно справување со пандемијата. Исто така спроведени се анкети и разговори со вработените во компанијата како и дополнителни активности согласно препораките и мерките за заштита на вработените.

Од општината од синоќа започнаа со спроведување на дополнителни мерки за заштита на населението, а најавен и состанок на Опшинскиот кризен штаб со цел дефинирање на понатамошните активности за спречување на понатамошно ширење на заразата.

 

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7