ММС

Прекини на сообраќајот на патот Кочани – Пониква

Сообраќајот на патниот правец Кочани-Пониква денеска ќе биде во целосен прекин до 18 часот, информираат од АМСМ.

Како што наведуваат, до 30 јули, четврток, од 10:00 до 17:00 часот ќе се асфалтира објектот „Поправка и рехабилитација на државен пат Р1309, делница Кочани- Пониква (II фаза). За време на викендот, во сабота и недела, од 10:30 до 11:00 часот и од 14:00 до 14:30 часот патот ќе биде ослободен за поминување на возила, додека денеска ќе има промена на предвидениот режим на сообраќај, односно патниот правец ќе биде во целосен прекин до 18 часот.

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за преземање.