ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 06/21/18 9:00 AM

Косовската опозиција ја одби поканата на Тачи за вклучување во преговорите со Србија

Косовската опозиција решително ја отфрли поканата, која вчера и ја упати претседателот Хашим Тачи да се вклучи во финалната фаза од преговорите со Србија, која ќе започне в недела во Брисел, јави дописникот на МИА од Приштина.

Освен тоа, како што пишува весникот „Коха Диторе“, на Тачи не му се признава ниту правото да ја претставува земјата во овој процес.

На вчерашната прес-конференција косовскиот претседател истакна дека неговиот мандат произлегува и од уставната обврска да го претставува Косово на меѓународната сцена, во конкретниот случај да го истурка до крај дијалогот со Србија.

Изјавата следи еден ден откако тој и неговиот српски колега Александар Вучиќ добија покана од високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини, в недела, на 24 јуни, да учествуваат на состанок од завршната фаза на дијалогот меѓу Приштина и Белград, кој треба да резултира со правно обврзувачки договор.

Косовската опозиција, но и дел од владејачките партии, го негираат легитимиетот на Тачи да го претставува Косово во овој процес, бидејќи сметаат дека тој во ниту еден случај не може да се смета како обединувачки фактор во земјата.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1