ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 06/21/18 8:02 AM

Експлозивна направа експлодирала во автомобил во Куманово

Експлозивна направа експлодирала 25 минути по полноќ во автомобил на кумановецот Р.Д.

Според информации од МВР, Р.Д. пријавил во полицијата дека во неговото возило „Фолксваген пасат“ кое се наоѓало на улицата „Сава Ковачевиќ“ во Куманово експлодирала експлозивна направа.

Повредени нема. Увидот на полицијата се уште трае.

Извор: МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1