ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 06/21/18 7:46 AM

Најмасовен Јога час вечер во Скопје

Најмасовен Јога час ќе се одржи вечер на платото пред Спомен куќата на Мајка Тереза во Скопје, во организација на Индиската амбасада од Софија во соработка со македонските јога друштва и школи, а по повод Меѓународниот ден на јогата.

Настанот ќе го отвори индиската амбасадорка Пуџа Капур, а ќе учествуваат повеќе јога друштва.

На 23 јуни ќе се одржи целодневен настан во Центарот за јога, ајурведа и медитација во Скопје. Во текот на целиот ден, секое јога друштво на свој начин, ќе ја доближи и претстави јогата од свој агол како здрав начин на живот, и тоа преку теорија, јога вежби (асани), техники на дишење, медитација и релаксација. Влезот е бесплатен.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1