Три грешки кои може да ја уништат љубовта
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 07/23/20 9:07 PM

Три грешки кои може да ја уништат љубовта

Што не е мудро да правите во односот со партнерот ако сакате да имате среќен и страстен однос?

Природата, животот, Универзумот… Сѐ што дише има своја вибрација и сетоа тоа е исткаено од најмагичната работа на светот – љубовта. Бајките што ни ги читале кога сме биле деца се темелат на љубовта. Секоја „пеперутка“ што се чувствува во стомакот по погледот од симпатијата во училишните клупи остава трага во душата како нешто преубаво. Оттука, со текот на годините почнуваме да трагаме по љубовта, која сакаме да ни донесе мир и спокој, но и да создаде нови и пријатни емоции.

Сепак, љубовта не претставува само судбоносен спој на две сродни души. Замислете ја љубовта како празно уметничко платно на кое вие и вашата сакана личност со взаемен труд треба да насликате нешто преубаво. При тоа секој погрешен потег може да остави дамка на уметничкото дело која нема да може лесно да се избрише. Грешките во љубовта се природна работа. Ако нема грешки, нема да има ни простување. Сепак постојат грешки кои партнерите често ги прават, а не сфаќаат дека со нив се нарушува романтиката.

Отфрлање на соништата

Секој има право на свои соништа, идеи и фантазии. Иако сте одлучиле вашиот свет да го „преточите“ во заеднички свет со партнерот, тоа не значи дека секој од вас треба да се збогува со својата индивидуалност. Ако саканата личност ви претстави некој свој план или ви открие нешто што се уште не успеала да го оствари, не поттикнувајте ја да се откаже од неговото остварување. Секој има право да сонува, дури и ако нешто ви се чини како лудо, разговарајте за тоа. Пружете му поддршка на партнерот, не дозволувајте да се оддалечите доколку соништата не ви се совпаѓаат.

Обвинување за грешките од минатото

Кога ќе простите еднаш, бидете сигурни дека сте простиле засекогаш. Подобрувањето на односот по големите грешки и рани од негативните постапки во минатото, не е лесно. Тоа бара процес на прилагодување и стекнување доверба. Но, доколку навистина сакате тој однос да успее, важно е да не го потсетувате партнерот секојдневно на лошите потези од минатото. Покажете дека сте подготвени да му дадете втора шанса на вашиот однос.

Сепак, доколку се случат истите грешки повторно, добро размислете дали врската вреди да го вложувате во неа вашето време, труд и емоции.

Збогум на вистинското „јас“

Заборавањето на личните потреби и ограничувањето на љубовта кон себе се причини за несреќа во љубовта. Колку и да е силна љубовта која ја чувствувате кон партнерот, важно е да не престанете да се сакате самите себе. Тоа не значи дека сте себични, туку е доказ дека сте подготвени за вистинска љубов, бидејќи истата ја чувствувате длабоко во себе. Не окажувајте се од вашата животна мисија, само затоа што имате партнер. Живејте го својот живот, отворете ги куферите од минатото, ослободете се од маските и соголете ја вашата душа за да сфатите кое е вашето вистинско внатрешно „јас“!

 

Извор:  lovesensa.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7