Менталното наследство е повредно од материјалното
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 07/23/20 8:17 PM

Менталното наследство е повредно од материјалното

Внатрешните сили се клучна алатка за промени – потврдува книгата „Мисли, тргни и оствари сѐ“ на авторката Маја Провиќ.

Четири кариери во работен век од 27 години

Животот не се подразбира, тој ни е дар и во него треба да создаваме со некаква цел. Дури во своите четириесетти сфатив дека животот е вистински благослов. Во својот дваесет и седумгодишен работен век четири пати од корен ја менував професијата. Од медицинска сестра, негувателка во градинка, финансиски менаџер до личен тренер и писател. Преобразбата се случи по болниот развод, по што следуваше и сообраќајна несреќа во која за малку ќе го изгубев животот. Како самохрана мајка во голем град, во еден момент и без кров над главата, сфатив дека животот не е замислен за во него само да „животариме“ – раскажува оваа авторка.

Таа одлучила дека нешто мора да промени, иако и самата не знаела како.

„Се запишав на висококвалитетни дури и многу скапи академии за личен развој. Поминав две години посветено учејќи и по пет часа дневно, покрај две работи што ги работев, но и се зареков дека својот живот ќе го изградам на нови, цврсти и постојани темели. Денес своите знаења ги пренесувам преку моите авторски програми наменети за оние кои сакаат да го отфрлат менталитетот на жртва, со цел да постигнат просперитет во животот од ментален, емоционален и материјален аспект“, вели Провиќ.

Понатаму, таа додава:

„Кога по 27 години корпоративна кариера, на 45-годишна возраст одлучив да си дадам отказ, луѓето ми велеа да не ризикувам и да не ја оставам прекрасната менаџерска работа, а со тоа и сигурната плата. Меѓутоа, таа прекрасност многу ме чинеше. Сигурноста е лага на модерното доба. Утре работодавачот може да ве замени со нов кадар и сигурноста во која лажно сте живееле, може да исчезне преку ноќ. Кога сте на работа за која во еден момент чувствувате дека претставува само „подлога“ за плаќање сметки, а долгорочно во себе собирате стрес, немир и фрустрација. Тоа во мојот случај резултираше со големи здравствени проблеми, а потоа и со операција на тумор.

По ова го посветив својот живот на тоа да давам знаење и да ги освестувам генерациите што масовно живеат според туѓиот избор, а не мора така да биде.

Коронавирусот е најдобрата работа што ми се случи оваа година

Сега, во време на овој коронавирус за кој велам дека е една од најдобрите работи што ми се случија оваа година, секој ден организирам едукативни бесплатни вебинари на кои обработувам теми од кои луѓето се најзасегнати, како што се здравјето, личните вредности, односите со другите и слично.

На почетокот на мојот пат, ќерка ми и семејството беа скептични за учењето за личната промени, но набргу согледаа дека мојот живот се менува на подобро и тие денес ми се најглема поддршка – споделува авторката.

 

Фото: darkoba

Извор: sensa.hr


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7