ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 07/22/20 7:48 PM

Дезинфицирајте со состојка од кујната: Оцетот како средство за чистење

Се обидувате да направите квалитетно средство за дезинфекција или ви е потребно средство за перење на алиштата, кое истовремено ќе ги дезинфицира? Овде е алкохолниот оцет, со кој дезинфекцијата е загарантирана.

Слободно може да заборавите на средствата за чистење кои се полни со хемикалии, бидејќи за само неколку минути можете да направите природно средство за оваа намена.

Со проветрување и дезинфекција на просториите во кои домувате или работите, може да го спречите ширењето на вирусите, односно делумно да се чувствувате посигурно. За таква дезинфекција најсоодветна е комбинацијата на вода и алкохолен оцет, кој не само што е евтин, туку е и еколошко средство за дезинфекција на површините.

Со него, пред се’, може да го исчистите бигорот. Се’ што ви е потребно за тоа е пола литро вода, исто толку алкохолен оцет и малку лимон. Со оглед на тоа дека оцетот сам по себе има интензивен и неубав мирис, во оваа комбинација може да додадете и неколку капки од вашето омилено етерично масло.

Сето ова ставете го во шише со прскалка и веќе сте подготвени за чистење. Дезинфекцијата на домот особено во овој период, претставува императив за зачувување на вашето, но и на здравјето на вашите блиски.

 

Извор: zena.rtl.hr


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7