ММС

Објавено на: 07/22/20 3:00 PM

(ВИДЕО) Ava Max или Елена Петреска- Која е подобра?

На профилот на композиторот Хари Котларовски, споделено е видео каде се прави споредба на песната на  Ava Max  насловена како „Kings & Queens“ објавена во месец март 2020 година и песната „За последен пат“ отпеана од Елена Петреска во 2003 година на Скопскиот фестивал , на која како композитор се потпишува токму Хари Котларовски.

За изјава го контактиравме и компизиторот Котларовски, кој за MMS.MK раскажа дека видеото кое го споделил на Фејсбук е видео кое му го пратил негов пријател. Тој засега не сакаше да ја коментира  оваа ситуација и вели дека прво сака да се консултира со надлежните институции во овој случај ЗАМП, бидејќи песната „За последен пат“ е заштитена од ЗАМП, изјави Котларовски.

Додека ЗАМП  не каже за што станува збор, слушнете која е подобра, Елена или Ава

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.