ММС

Објавено на: 07/22/20 10:52 AM

И Граничниот премин „Дојрани” затворен до 4 август

Поради новите протоколи на грчката Влада за рестрикитивни мерки поради КОВИД-19, доставено е известување дека грчкиот граничен премин „Дојрани” ќе биде затворен за патнички и товарен сообраќај во периодот од среда 22 јули од 00.00 часот до вторник 4 август.

-Министерството за внатрешни работи  ги  известува граѓаните дека до граничната служба на граничниот премин „Стар Дојран” од страна на грчката гранична служба од граничниот премин  „Дојрани”, а во врска со новите протоколи на грчката Влада за рестрикитивни мерки поради КОВИД-19, доставено е известување дека грчкиот граничен премин „Дојрани” ќе биде затворен за патнички и товарен сообраќај во периодот од 22.07 (среда) од  00:00 часот до 04.08.2020 (вторник), информира МВР.

Сите патнички и товарни моторни возила што планираат да остварат влез и излез од и во Грција во наведениот период, тоа ќе може да го остварат на грчкиот граничен премин „Евзони”.

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.