ММС

Објавено на: 07/22/20 9:09 AM

ГП „Меџитлија” затворен за сообраќај до 4 август, за влез и излез во Грција преку „Евзони”

Грчкиот граничниот премин „Ники”, односно граничниот премин „Меџитлија” ќе биде затворен за патнички и товарен сообраќај во периодот од 22.07 (среда) од 00.00 часот до 04.08.2020 (вторник), во врска со новите протоколи на грчката Влада за рестрикитивни мерки за Ковид-19.

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека до граничната служба на граничниот премин „Меџитлија” од страна на грчката гранична служба од граничниот премин ,,Ники”, доставено е известување дека грчкиот граничен премин ,,Ники” ќе биде затворен за патнички и товарен сообраќај во овој период.

– Сите патнички и товарни моторни возила што планираат да остварат влез и излез од и во Грција во наведениот период, тоа ќе може да го остварат на грчкиот граничен премин ,,Евзони”, информираат денеска од МВР.

MИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.