ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 06/20/18 7:57 AM

Меморијален Турнир – Никола Поповски – Ниџо 2018

На 1ви Јули 2018(недела) ќе се одржи вториот традиционален меморијален турнир за видео игри во чест на нашиот драг пријател Никола Поповски – Ниџо. Отварањето на турнирот е закажано за 1ви јули 2018 година во 12 часот во Каша Бар – Лептокарија Скопје.

Оваа година учесниците ќе имаат можност да се натпреваруваат во две игри – Mortal Kombat X или Call Of Duty 2. Повеќе информаци за правилата на игра може да ги најдете на нашата Facebook страна – www.facebook.com/memorijalenturnirnikolapopovskinidzo.

Очекуваме турнирот да трае еден или повеќе денови во зависност од бројот на пријавени учесници.
Ова е уникатна можност за сите љубители на видео игри да ги испробаат своите играчки способности и да освојат вредни награди ако победат на турнирот.

Учеството во турнирот чини 100 МКД.

За време на турнирот сите присутни ќе имаат можност да се запознаат со познати играчи на видео игри од Македонија и да ја пробаат првата македонска друштвена игра – Small Star Empires.

Од особена важност ни е да ги поканиме сите родители и заинтересирани да учествуваат во информативна работилница за ESRB рејтинг со цел да се подобри изборот на видео игри за нивните деца.

Огромна благодарност до Академска Книга и InPlayer за нивната подршка и обезбедување на наградите.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1