ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 07/20/20 1:14 PM

ВИДЕО: Борусија Дортмунд го претстави новиот играч со легендарната песна на Битлси

Со познатите звуци на легендарната песна на ливерпулските основоположници на рокенролот, „Битлси“, Борусија Дортмунд во јавноста го претстави своето ново засилување од Англија, Џуд Белингем, откако потпиша договор со 17 годишниот млад играч од средниот ред.

Фудбалерот на Бирмингем привлече големо внимание во светската јавност и на Островот важи за еден од најталентираните млади фудбалери. За неговиот потпис заинтересиран беше и Манчестер Јунајтед, но сепак Борусија Дортмунд и нивната долгорочна стратегија базирана врз млади играчи беше клучна за трансферот на Англичанецот во поранешниот германски шампион.

Во продолжение, погледнете го официјалното претставување пред јавноста и уживајте накратко во „Hey Jude“.

https://www.youtube.com/watch?v=VkLI2lFBkyM


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1