ММС

Бучковски: ДУИ и СДСМ повторно ќе се зближат (ВИДЕО)

– Како што се одалечија во изборната кампања поради одредени несреќни изјави и праќање во опозиција, така резултатите од изборите ќе ги зближат Ахмети и Заев. Очекувам СДСМ и ДУИ да формирата влада, Ахмети да биде реален и да се откаже од Насер Зибери  за мандатар. СДСМ да оди во коалиција со Алијанса, а ДУИ со ваков резултат да остане во опозиција би било непотребен луксуз. А доколку се промени раководството во ВМРО ДПМНЕ, Заев би можел да ја повика во широка коалиција  и опозицијата.

Левица очекувано освои пратенички мандати со гласови претежно од незадоволници од сдсмовскиот контингент и очекувам Апасиев да внесе свежина во парламентот. БЕСА не ги испорача очекуваните гласови  од СДСМ – вели пранешниот премиер, професорот Владо Бучковски во емисијата „ Стадион на Радио Канал77.