Aтлетико Мадрид влегува во трката за Таљафико, Челзи е фаворит за негов потпис
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 07/18/20 2:21 PM

Aтлетико Мадрид влегува во трката за Таљафико, Челзи е фаворит за негов потпис

Откако тренерот на Лестер, Брендон Роџерс, уште еднаш повтори дека левиот бек Бен Чилвел не е на продажба ова лето, „сините“ од Лондон гледаат други алтернативи. Една од нив е левиот бек на Ајакс, Николас Таљафико, кој во претстојниот трансфер период е на продажба, заедно со колегите Онана и Дони Ван де Бек. Челзи и претходно се поврзуваше со Аргентинецот, но се чини дека сега Лампард со сигурност знае што сака на левата бековска позиција.

Сепак, Челзи ќе се соочи со силна конкуренција во името на Атлетико Мадрид, кој сака да ја засили дополнитело левата дефанзивна точка и да поседува два квалитетни бекови, покрај Ренан Лоди.

За неговите услуги Ајакс ќе бара повеќе од 25 милиони евра. Медиумите во холандија и дел од англиските, шпекулираат за големата можност Таљафико да биде нов играч на Челзи и да стане трето засилување за екипата на Френк Лампард летово.

Но, првенствено, Челзи ќе мора да продаде еден од Емерсон или Маркос Алонсо.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7