ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 06/19/18 1:17 PM

Претставништвото на Џи сол во Скопје-Еуроникел бара средба со градоначалникот и општина Кавадарци

Дописот од страна на општина Кавадарци доставен до стечајниот судија предизвика незадоволство кај швајцарски Џи сол, закупецот на Фени Индустри. Еуроникел, реагира дека истиот се базирал на неточни информации кои ги добиле. Од таму велат дека на градоначалникот и Советот не им била претставена целосната слика за предностите на планот за реорганизација и според нив неповолниот предлог на бугарски Минстрој, со што донеле одлука на штета на фабриката и на вработените.

За Еуроникел, конкурентот Минстрој критикувал дека нивниот план за реорганизација, обезбедувал 15% подмирување на доверителите а всушност тие се единствени доверители и дека иако и други компании имале можност да откупат побарувања од доверителите никој не го сторил тоа,па ни тие.Транспортерите во целост биле исплатени иако немале директни побарувања од комбинатот а ангажирани биле уште 200 за транспорт на руда и репроматеријали. Потсетуваат и дека тие биле единствената фирма која доставиле понуда на повикот на стечајниот управник за договор за преработка на руда со услов да се располага со сопствени рудни ресурси,искуство, депонирање на 3 милиони евра и банкарска гаранција од 5 милиони евра. Во поглед на рудникот Ржаново, тие велат дека имаат свои рудни ресурси кои гарантирале иднина на Фени, рудникот години наназад не бил рестартиран а и претходните сопственици ја откажале концесијата за него. Затоа пак на Минстрој му предлагаат, ако мислат поинаку, да го рестартираат рудникот и доколку се конкурентни би купувале руда од нив, а општината ќе добива надомест за концесија.

Џи сол се разочарани од градоначалникот и советот на Кавадарци, поради како што велат неоснованото барање да се одбие нивниот план за реорганизација оти не бил навреме доставен по што подоцна и стечајниот управник и судот во Велес го демантирале тоа. На крај од дописот Еуроникел прашуваат како може општината да даде некоректна поддршка на потенцијален инвеститор кој ветува а се занемарува нивната реализирана инвестиција досега во услови кога никој друг не се заложил за спас на фабриката.

Затоа, велат од таму на утрешната средба,по нивно барање, на претставниците на локалната самоуправа да ги презентираат предностите и бенефициите од успешното рестартирање на комбинатот воспоставување на подобри односи меѓу компанијата и Општина Кавадарци.

Во врска со ова, го контактиравме и градоначалникот Митко Јанчев, тој не сакаше да коментира ништо околу ова, само потврди дека имал телефонски разговор но не бил информиран за никакво барање за средба од страна на Еуроникел.

Билјана Тошевски


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1