ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 07/17/20 10:58 AM

Едвај чекам да го гушнам, плачам и се молам за здравје на сите дечиња, вели Емилија, мајка на малиот Василиј, кој се оперираше во саботата

Голем дел од парите се собраа, ни недоставуаат уште 5-6 илјади евра, вели мајка Емилија Јованоска  од Прилеп, чие синче Василиј со само два месеци ја почувствува најголемата болка- операција на срцето.  Семејството Јованоски беше очајно, им требаа пари за операцијата инаку нивното штотуку родено бебе немаше да издржи. Операцијата ја покри фондот, но се останато требаше да плати семејството Петкоски, за кои дел се позајмија а дел се од донации на нивната трансакциска сметка.Но, вчера излегоа и броевите од мобилните оператори за донации, бидејки, како што вели Емилија, недостасуваат уште 5-6 илјади евра.

Ова е Василиј, сега по операцијата, вели мајка Емилија

-Едвај чекам да го гушнам. Операцијата на Василиј беше во саботата, тој сега се чувствува добро, но уште е на кислород, на машина.  Лекарот вели дека операцијата поминала добро и сега се очекува полека да закрепне. Василиј  сега има само два месеци и три дена а му е направена операција, односно затворен е дуктусот на срцето.  Се изнамачи и тој и ние. Не знам кога ке си одиме дома, се зависи од Василиј, како ќе напредува  со дишењето. Но, полека полека, нека биде се во ред.  Јас не можам да го гушнам, тешко ми е ама ќе издржам се додека не биде во ред, додека не оздрави.  Добро е што има добри луге што ми помогнаа, да ти се најде некој во најтешкото е бесценето. И на тие благодарам што се позајмивме од нив, тешко е денес да најдеш пари и да можеш од нкому  да позајмиш. И секако  на сите добри луге, бидејки јас и сопругот сами ништо немаше да направиме сами. Плачам и се молам за негово здравје, се молам и за здравје на сите дечиња и со ветив дека само да биде се во ред, јас Василиј ќе го воспитувам да биде добар човек и кога ќе порасне да помага. Како што нему сега му помагаат, така и тој да возврати кога ќе стане свој човек, вели Емилија.

Ова се броевите за донација за сите хумани луге кои ќе сакаат да донираат и да му помогнат н

а Василиј да ја почувствува мајчината прегратка.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1