ММС

Ќе бидат убиени 93.000 видри во Шпанија, заразиле работници на фарма

Шпанските здравствени власти наредија да бидат убиени сите 93.000 видри од фарма во источна Шпанија за да се спречи ширењето на инфекцијата кај луѓето

Фарма во селото Ла Пуебла де Валверде, на 200 километри источно од главниот град Мадрид, е под надзор на Владата, откако сопругата на еден од работниците се тестирала позитивно на коронавирус. Седуммина други работници на фармата подоцна биле тестирани позитивно за коронавирус, вклучувајќи го и сопругот на заразената жена.

Властите првично наредиле изолација на животните, но по неколку недели и по неколку тестирања, одлучија да ги убијат видрите , што биле одгледувани за крзно. Повеќе од 80 отсто од примероците од крв на животните биле позитивни на коронавирус. Властите најавиле дека компанијата ќе добие финансиски надоместок.

 

Клучни зборови: 93.000 видри, заразени, шпанија

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за преземање.