Што е мадеротерапија и како делува?
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 07/16/20 9:33 PM

Што е мадеротерапија и како делува?

Мадеротерапијата е еден облик на антицелулитна масажа која се изведува исклучиво со дрвени ваљаци и ролери, дизајнирани токму за таа намена. Темелот на оваа техника е стимулација на лимфите, што е пак, прв чекор во успешната борба против целулитот.

Доколку и вие се вбројувате во оние кои досега немале успех со разни креми и класични антицелулитни третмани, можеби е време да ја пробате мадеротерапијата.

Како изгледа третман на мадеротерапија?

За да масажата биде што попријатна и делотворна, на кожата пред почетокот се нанесува одбрано масло според нејзиниот тип. На почетокот се масира со мазна дрвена оклагија за да телото се навикне на овој вид масажа, после што се користи оклагија за пилинг за да се поттикне циркулацијата. Потоа следи третман со резбарена оклагија за да се делува на подлабоките слоеви на кожата.

Со ваљаците се повторуваат серии на движења со кои се обезбедува постојан притисок на целулитот и масните клетки. На тој начин се стимулира лимфниот состав со што организмот се ослободува од штетните токсини.

Ослободувањето од токсините им овозможува и на другите делови на организмот да се разбудат-се забрзува метаболизмот што доведува до трошење на мастите.

Кои се резултатите од мадеротерапијата?

Третманот видно ја намалува „кората од портокал“ и успешно го решава проблемот со нерамната кожа. Со решавање на проблемот со целулитот мадеротерапијата позитивно влијае на силното чистење на организмот, обликувањето на телото и намалување на обемот, поттикнување на работата на метаболизмот и согорување на мастите.

Кога да се очекуваат првите резултати?

Добрата вест е тоа дека резултатите од мадеротерапијата се постигнуваат значително побрзо отколку кај класичната антицелулитна масажа. За тоа сведочат и терапевтите кои имале можност да ги применат двата вида на масажи. Тие наведуваат дека очекуваниот резултат на масажа со ваљаци е двократно подобар од вообичаената антицелулитна масажа.

Мадеротерапијата се спроведува два дена по ред по кои следува ден на пауза или секој втор ден зависно од препораките на терапевтот, а првите резултати можно е да се очекуваат после првите пет третмани. За долготрајни резултати се препорачуваат три серии по 10 до 15 третмани.

Како воопшто настанала мадеротерапијата?

За оваа масажа можеме да им се заблагодариме на Колумбијките, а изразот мадеротерапија настанал од шпанскиот збор за дрво-„madera“.

Мадеротерапијата е идеално решение за сите оние кои мака мачат со целулитот, а покрај добриот изглед ќе има позитивно влијание и на целиот организам.

 

Извор: krenizdravo.hr


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7