ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 07/16/20 10:48 AM

До 31 јули Грција ја продолжи забраната за авионско, железничко и копнено поврзување со  Македонија

Грција го продолжи до 31 јули 2020 година привременото ограничување на сите авионски, железнички и копнени поврзувања со нашата земја, како и забраната за влез на грчка територија на наши државјани, јави дописничката на МИА од Атина.

Ограничувањата се „од превентивни причини за заштита на јавното здравје од дополнително ширење на коронавирусот Ковид-19 на грчка територија за временскиот период од 16 јули 2020 година до 31 јули 2020 година”.

Одлуката потпишана од министрите за здравство, за транспорт и инфраструктура и за поморство, а се однесува, освен на земјава, и на Албанија и на Турција, вчера беше објавена во Службен весник на Грција, а денеска стапува во сила.

Забраната не се однесува на: грчки државјани, на лица кои имаат дозвола за престој и лица кои живеат во Грција, како и за транспорт на стоки, за влез на лица за апсолутно неопходни професионални причини, но и за транзит на болнички возила кои од Косово преку нашата земја влегуваат во Грција за хоспитализирање на пациенти кои припаѓаат на дипломатскиот, воениот или административниот персонал на земјите членки на ЕУ и EULEX на Косово.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1