ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 06/19/18 8:16 AM

Потона траект во Индонезија, спасени 18 лица

Траект, на кој се наоѓале најмалку 80 луѓе, потона синоќа во езерото Тоба, популарна туристичка дестинација во северниот дел на иноднезискиот остров Суматра.

Потврдено е дека едно лице загинало, а 18 се спасени, откако пловниот објект потонал поради лошите временски услови. Индонезиските власти денеска ја продолжија потрагата по преживеани патници и покрај поројните дождови.

Засега е непознато дали меѓу исчезнатите патници има странски државјани, а во потрагата учествуваат околу 100 припадници на индонезиската војска и полиција.

– Потрагата започна во седум часот по локално време. Условите се подобри отколку синоќа, изјави претставникот на индонезиското Министерство за сообраќај, Сри Хардианто.

Националната агенција за несреќи соопшти дека постојат непотврдени информации оти на траектот, кој бил зафатен од огромни бранови и силен ветер, се наоѓале повеќе од 130 луѓе.

Извор: МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1