ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 07/15/20 10:44 AM

ДИК: Одѕивот на гласање до 11 часот изнесува 11 отсто

Одѕивот на гласачите до 11:00 часот врз основа на податоците од Државната изборна комисија за 3.134 избирачки места од 3.480, во сите шест изборни единици, е 11 отсто. До 11:00 часот на гласање излегле199 495 граѓани, соопшти на прес-конференција претседателот на ДИК Оливер Дерковски.

Во ИЕ  – 1 одѕивот бил 13, 7 отсто, во Втората изборна единица 9,64 отсто, во ИЕ 3 одѕивот до 11:00 часот бил 13,08 отсто, во изборната единица четири одѕивот на гласачите бил 13,46 отсто, во Петата изборна единица одѕивот бил 10,55, и во Шестата изборна единица 6,04 отсто.

Право на глас на предвремените парламентарни избори имаат еден милион 814 илјади и 613 гласачи во Шест изборни единици.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1