ММС

Објавено на: 07/15/20 9:44 AM

Индиец херој во Хрватска: Од пожар спаси самохрана мајка со нејзините две деца

Брзата реакција на минувачите и особено на еден Индиец резултираше со спасување на самохрана мајка со две деца од вториот кат на зграда во Бјеловар. Во ноќта меѓу петокот и саботата избил пожар во станот на Хелена Рубил и тогаш почнала вистинска драма.

Повозрасното дете ја рабудило мајка си и побарало спреј за нос зашто не можело да дише оти нешто му мирисало. Причината била запалена сушилка за облека. Но, веќе било доцна. Тричленото семејстви било опколено со оган. Од прозорецот на спалната мајката почнала да моли за помош кон ретките минувачи по улицата.

„Сите излеговме и врескавме, велевме – горе ви се жена и деца, ние не можеме до нив – прераскажува за ХРТ сосетката Олга Павличевиќ, а пренесува „Вечерњи лист“.

Нејзиниот сопруг пред зградата донел скали, но биле прекратки. Тогаш мажите што се собрале ги подигнале скалите во воздух, а храбриот Индиец Бију Ревендран, кој бил и најлесен, се качил на нив. Прво успеал да го симне едното дете, па второто, а на крајот по скалата се спуштила и мајката.

„Мислев само на едно – како да ги спасам жената со децата. Ни страв ни било што друго чувствував во тој момент“, раскажува Индиецот кој е на привремена работа во Хрватска, во Бјеловар.

Мајката вели дека децата се добро.

„Беа во болница, на кислород и инфузија. Сега се добро. Му влагодарам на човекот од Индија зашто да не беше тој не знам што ќе се случеше“, истакнува самохраната мајка.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1