ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 06/19/18 7:30 AM

Нова побреда во Бразилскиот состав

Селекцијата на Бразил не успеа да ја победи Швајцарија и покрај тоа што беше огромен фаворит на мечот, а по истиот доби нови лоши вести.

Се работи за можна повреда на најдобриот фудбалер Нејмар, кој дури десетпати беше фаулиран од страна на швајцарските репрезентативци. Глетката како бразилскиот ас влегува во соблекувална на „Ростов арена“ предизвика паника кај „кариоките“, кои не би сакале да останат без него до крајот на првенството во Русија.

Како за потсетување, Нејмар ја пропушти завршницата на претходниот Мундијал поради стартот на Зунига во дуелот против Колумбија.

Огромниот број на фаули врз најскапиот фудбалер во светот не се нешто ново. ПСЖ во текот на сезоната исто така се жалеше и се обидуваше на секој начин да го заштити својот фудбалер.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1