ММС

Младиот офанзивен бек на Тотенхем на радарот на Барселона

Тотенхем можеби ќе го продава, Барселона се распрашува за неговите услуги. Дваесетгодишниот офанзивен бек на Тотенхем кој лесно може да биде конвертиран и во напаѓачко крило, Рајан Сесењон, според медиумите во Англија се наоѓа на радарот на каталонскиот клуб.

Скаутите на Барселона го забележале во нивните нотеси уште пред повеќе од две години, кога Сесењон го носеше дресот на Фулам и оттогаш го следат неговиот развој во кариерата. Младиот Французин не успеа да се наметне во тимот од северен Лондон, прво кај Маурисо Покетино, потоа кај Жозе Мурињо. Поради ова и малата минутажа, Сесењон е наводно подготвен да ја промени средината и да заигра во друг клуб.

Незавидната финансиска ситуација на Барселона му налага да му понуди на Тотенхем замена за играчот од своите редови, а не директен трансфер. Самуел Умтити и Нелсон Семедо се споменуваат како фудбалери кои ќе бидат дел од потенцијалниот трансфер и ќе заиграат во ланскиот финалист во Лигата на шампионите.