ММС

Објавено на: 07/14/20 2:36 PM

Жофри Ловерњ сепак во Жалгирис

Враќање во саканиот Партизан, уште еден обид во НБА или продолжување со Фенербахче. Тоа беа комбинациите за францускиот центар кои на крајот сепак не се остварија. Жофри Ловерњ следната сезона ќе го носи дресот на литвански Жалгирис.

-Фановите на Жалгирис ќе видат уште едно ново лице во зелено-белиот дрес. Литванскиот шампион потпиша едногодишен договор со францускиот центар Жофри Ловерњ, стоеше во соопштението на Литванците.

Дваесет и осумгодишниот крилен центар, некогаш член на Денвер Нагетс и Оклахома Тандерс, последните две сезони ги помина во Фенербахче, но поради честите повреди и околностите во турскиот тим, не се изнаигра доволно и не ги покажа своите вистински квалитети.

Последната сезона, Ловерњ во просек забележа 6.3 поени и 2.7 скокови по натпревар, во 13 минути активна игра во Евролигата.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.