ММС

Објавено на: 07/14/20 2:34 PM

Велика Британија, сепак, го исфрла Хуавеи и 5 Г мрежата

Иако во јануари 2020 година Борис Џонсон рече дека Велика Британија нема да го забрани учеството на Хуавеи во изградбата на националните мрежи 5Г, сега таа одлука е обратна.

Не помогна ниту ургирањето на тамошните оператори во корист на  „Хуавеи“ компанијата.

На 14 јули, Велика Британија официјално ја објави политика за оддалечување од учеството на Хуавеи во изградбата на мрежи 5Г во таа земја и најави дека до 2027 година ќе ги елиминира компонентите на Хуавеи од постојните системи на новата генерација. Со ова, американскиот притисок врз Велика Британија да му забрани на Хуавеи да работи на 5Г инфраструктура на Островот и формално целосно успеа.

Секретарот на Министерството за култура на Велика Британија, Оливер Дауден во официјалниот говор објави дека забраната за набавка на Хуавеи 5Г опрема ќе биде воведена забрана  од декември 2020 година и дека целата постојна опрема 5Г ќе биде деинсталирана до 2027 година.

Ова, според сегашните експерти, ќе ја забави изградбата на 5Г мрежи во Велика Британија најмалку две години и ќе доведе до зголемување на трошоците за градење и спроведување на 5Г услуги за неколку стотици милиони фунти. Владата на премиерот Борис Џонсон во јануари одобри ограничен удел на компонентите на „Хуавеи“ во британската мрежа 5Г, но расположението во Лондон се смени поради мислењето дека Кина не ја кажа целата вистина за појава на пандемија на вирусот корона, како и несогласувања со Пекинг , потсети Ројтерс.

Најголемиот оператор во Велика Британија, Британски Телеком, не го криеше своето несогласување со оваа одлука, а националниот оператор рече дека оваа одлука ќе чини потрошени години на Велика Британија, но и залудно потрошени пари, кои на крајот ќе ги загубат сите граѓани на таа земја.

Хуавеи сè уште не го коментира случајот.

Извор: mondo.rs

Фото: aljazeera.com

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1