ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 07/14/20 9:37 AM

Втор ден гласање на изборите за пратеници

Избирачките одбори од утринава го спроведуваат гласањето на болните, немоќните, хронично болните лица, кои се пријавиле за гласање за предвремените парламентарни избори, а своето право на глас го искористуваат и затворениците, лицата во домашен притвор, во старските домови и шестмина внатрешно раселени лица.

Според последните податоци на Државната изборна комисија (ДИК), како што изјави на утринската прес конференција портпаролот на ДИК Адмир Шабани, гласаат 8.843 болни и немоќни и хронично болни чии пријави се прифатени од ОИК.

Гласањето е започнато и во 13 казнено-поправни установи, каде во посебните изводи од Избирачкиот список се запишани 1.657 гласачи, како и пријавени лица во домашен притвор. Се изјаснуваат 357 лица во 17 старски домови. Гласањето на овие лица се спроведува од страна на избирачките одбори, како и вообичаено досега, со тоа што и членовите на одборите, но и лицата што се пријавиле да гласаат задолжително мора  да ги почитуваат општите превентивни мерки за заштита од КОВИД – 19.

Согласно Изборниот законик и упатството донесено од ДИК, граѓаните своите гласачки ливчиња треба да ги обележат со заокружување на редниот број на подносителот на листата со хемиско пенкало во сина боја. Ниту еден друг знак не смее да биде ставен на гласачкото ливче бидејќи во таков случај, гласачкото ливче ќе се смета за неважечко.

Со цел граѓаните да можат да ја известуваат ДИК и да даваат свои препораки што се однесуваат на изборниот процес ДИК активен е бесплатниот телефонски број 0800-555-44. За комуникација со граѓаните со оштетен слух и говор активен е телефонскиот број 076488360, преку кој овие граѓани со видеоповик ќе можат да комунициираат со ДИК. За сите останати граѓани на располагање е и веб страната на ДИК www.sec.mk, како и Фејсбук и Твитер и каналот на Јутјуб.

 

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1